Електрични возила » Во Германија бонусите поголеми за 50%

Во Германија бонусите поголеми за 50%

Германците си поставија цел до 2030 година да имаат 10 милиони електрични возила на патиштата и милион полначи за нив

Објавено на 10 ноември 2019 година

Со ревидирање на таканаречениот бонус за околината, Германија за 50 отсто ќе ги зголеми субвенциите за електрични возила. Според одлуката тој ќе изнесува до 6.000 евра, од кои како и досега половина ќе добиваат производителите а половина купувачите. Ова е дел од планот до 2030 година на своите патишта да имаат барем 10 милиони електрични возила. Но исто така и дополнително да се помогне и на домашната автоиндустрија во битката со американските и во идна перспектива кинеските ривали на ова пазарно поле. Се очекува мерките да стапат на сила овој месец и да важат до 2025 година.

Случајно или не, ова се поклопува со почетокот на производството на Volkswagen ID.3 кој ќе биде еден од најсилните адути. Со новите бонуси неговата цена ќе се спушти на одлични 24 илјади евра. Затоа и не чуди што веќе идната година Volkswagen сака да произведе 100 илјади, а наредната 2021-ва дури 330 илјади електрични возила. Иако првите примероци на ID.3 е планирано да се испорачаат дури за 6 до 7 месеци, досега за него се имаат заинтересирано 35 илјади купувачи. Што значи ова најдобро зборуваат бројките за продажбата во Германија, која досега годинава достигна 53 илјади нови електрични возила.

Паралелно со ова, германската влада ќе инвестира и 3,5 милијарди евра во инфраструктура која во наредната деценија треба да нарасне на милион полначи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER