Електрификацијата на дело
Отворена е првата бензинска пумпа која место бензин продава струја
Објавено на 1 октомври 2019 година
Од американската сојузна држава Мериленд ни пристигнува најсликовитиот пример за електрификацијата – една бензинска пумпа престана да продава гориво и во целост се пренамени да ги опслужува електричните возила. Се наоѓа во местото Такома Парк каде успешно 61 година ги снабдуваше неговите жители со фосилни горива. Со промената на возниот парк тие најпрво инсталираа дополнителни полначи за електромобилите, за сега резервоарите за гориво комплетно да бидат отстранети а четирите апарати за точење заменети со исто толку полначи, секој со моќност од 200 kW. Целата трансформација чинеше 786.000 долари.
Во американската сојузна држава Мериленд се регистрирани 21.000 електрични возила.