Денес центарот на Скопје без возила
Објавено на 19 септември 2019 година
Според најавата на градоначалникот на Скопје, денес после 18 часот центарот на градот, поточно улицата Димитрија Чуповски кај Рекорд, ќе биде затворена за автомобили и автобуси, а отворена за пешаци и велосипедисти, со намера да се почувствува отворениот простор и да се види како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина ослободен од моторизиран сообраќај. Официјална најава за тоа до кога сообраќајот низ центарот на Скопје ќе биде забранет, нема.