Грција еден час подалеку
Ако веќе немаме вакво нешто (клик тука) за да побегнеме од нашево време, тогаш и автомобилот е добар, барем до Грција. А таа како стојат работите, заради километарските колини на Богородица е еден час подалеку. Официјално, задолжените служби за известување на состојбите во сообраќајот јавуваат за чекање од околу 15 минути, со напомена дека тоа се однесува на македонската страна од граничниот премин. Неофицијално, од луѓето кои веќе се таму, стигнуваат вести дека за излез од државава ќе ви треба барем еден час. Кој е во право ќе дознаете кога веќе ќе бидете таму. Во секој случај, ова е линкот до камерите кои во живо ќе покажат каква е моменталната состојба на патарините и граничните премини, меѓу кои и Богородица.