Горивата, машала, поскапеа!

Горивата, машала, поскапеа!

објавено на 15 април 2019 година

Пред избори или не, регулаторната комисија за енергетика ревносно си ја врши работата редовно известувајќи нé за промените на цените на горивата кои оваа недела поскапеа и тоа, машала, за дебели проценти. Според нивната одлука од ноќеска на полноќ по средноевропско време се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,93%, односно за 3,21% во однос на цените утврдени согласно нивната претходна одлука. Како влијателни фактори тие ги наведоа:

  • Зголемувањето на просечната цена на суровата нафта во изминатиот 14-то дневен период за 4,51%
  • Зголемувањето на референтната цена на бензинот на светските берзи за 6,39%
  • Зголемувањето на референтната цена на дизелот во просек за 2,78%
  • Зголемувањето на курсот на доларот во однос на денарот за 0,633%

Нормално, ваквите проценти вметнати во било која математика – јавна или тајна како нашата, ќе резултираат со дебели поскапувања кои кај нас кај бензинот изнесуваат 3, односно 2,50, а кај дизелот 1,50 денари за литар. Согласно тоа, новите цени на горивата во наредните две недели ќе бидат:

  • Еуросупер БС-95 71,50 денари
  • Еуросупер БС-98 73,00 денари
  • Еуродизел Д-Е V 62,50 денари

Пред да изустите некој непримерен збор, да ве потсетиме дека есента 2013-та литар бензин чинеше 83,50, а литар дизел 73 денари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER