Горивата и оваа недела поскапеа

Top News Македонија

Горивата и оваа недела поскапеа

За наша среќа, само минимално

Објавено на 29 јуни 2020 година

Како што извести регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во Македонија се зголемуваат во просек за 1,05%. Тие оваа своја одлука ја донесоа врз основа на поскапувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период, и тоа кај бензинот за 2,574%, а кај дизелот за 1,568%. Во истиот период порасна и курсот на доларот за 0,175%, така што од полноќ сите горива кај нас ќе бидат поскапи за половина денар, односно цената на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 61,00 денари, на литар еуросупер БС-98 63 денари, а на литар еуродизел Д-Е V 52,50 денари.