Голема наградна игра – добијте Peugeot 208 (со видео)

Македонија

Голема наградна игра – добијте Peugeot 208

Благодарение на соработката меѓу Еуроимпекс и Веро маркетите, некој ќе вози нов Peugeot 208

Објавено на 22 јуни 2020 година

Како еден од најпосакуваните градски автомобили, новиот Peugeot 208 го очекува својот среќен добитник. „Веро ве изненадува и со Peugeot ве наградува“ е големата наградна игра на Веро маркетите во која потрошувачите имаат шанса да освојат многу вредни награди. Соработката помеѓу Еуроимпекс, генералниот увозник за Peugeot и Веро маркетите ќе го израдува најсреќниот добитник со новиот 208 во промотивната жолта Фаро боја, автомобилот кој ја освои престижната награда Автомобил на годината во Европа за 2020-та година, Red Dot наградата во категоријата Product Design за 2020 година, а да не го заборавиме и тимот кој стои позади новиот Peugeot 208 и ја доби Eurostars 2019 наградата од Automotive News Europe за патничко возило за 2019 година.

Новиот Peugeot 208 го истакнува својот младешки дух со својата карактеристична спортска линија. Неговиот моќен дизајн освојува на прв поглед. Овој градски автомобил дава слобода на избор на бензински, дизел и електричен мотор. Доколку нешто повеќе ве интересира за него, можете да ја посетите веб-страницата на Еуроимпекс (кликнете тука) и да го изгледате видеото од нашиот тест.

Видео

клучни зборови: ,