Голема километража, големи проблеми
Се појави Tesla која на својата километража ја има бројката милион
Објавено на 2 декември 2019 година
Да се помине толкава километража како оваа Tesla е подвиг за секој автомобил, посебно за електричен – сите знаеме дека трајноста на батериите е едно големо бреме кое ги оптоварува сите идни купувачи на електрични автомобили. Така не размислуваше Хансјерг Еберхард од Геминген покрај Штутгарт кој во 2014 стана сопственик на Tesla Model S P85. Тој точно знаеше што купува бидејќи тогаш во својот возен веќе имаше Tesla Roadster од првата генерација. Но ни тој не беше свесен дека за пет години ќе стане гинисов рекордер со својот Model S поминувајќи точно милион километри. Проблемите што ги имаше притоа, сепак не се занемарливи. Батериите стигнаа за менување на 290.000 km, електромоторот е сменет два пати, а системот за полнење еднаш. Битно е дека сите големи дефекти биле покриени со гаранцијата, како и советите на Хансјерг батериите никогаш да не се празнат докрај, но ни да не се полнат повеќе од 85% од капацитет. Тој исто така, вели дека ретко кога возел побрзо од 120 km/h, а тврди и дека 100 поминати километри го чинат помалку од две евра кога ги плаќа, бидејќи автомобилот го купил со доживотно бесплатно полнење струја на мрежата полначи на Tesla.