Германските власти го тресат штабот на Hyundai и KIA

Дали е на повидок европски Diesel Gate?

Германските власти извршија рација во Хјундаи и Киа поради сомневање дека во продажба пуштиле над 210.000 дизел возила со сомнителен софтвер за анулирање на реалните параметри на издувни гасови соопшти државното обвинителство во Франкфурт. Се смета дека софтверот на моторот потекнува од добавувачите Bosch и Delphi, кои денес се во сопственост на групацијата BorgWarner. Властите извршија претрес на деловни простории на споменатите компании на осум деловни простории во Германија и Луксембург во операција координирана од агенцијата на Европската унија Еуројуст. Портпаролот на Hyundai ги потврди рациите и рече дека компанијата соработува со властите. Под лупа се вкупно 210.000 возила со дизел мотори продадени во Германија. Истрагата треба да покаже дали постојат инкриминирачки докази за недозволен уреди кои ја „штимале“ реалната слика на издувни гасови.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER