Германија – Обновливите извори на енергија во подем

Електромобилноста може да стане пријателска за климата само ако електричната енергија доаѓа од обновливи извори

Германија сé повеќе обезбедува електрична енергија од обновливи извори. Постигнати се нови рекордни вредности за енергијата произведена од ветер и соларни фарми во 2023 година. Според евалуацијата што ја презентираше Институтот за Соларна енергија од Фрауенхофен, во текот на 2023 година обновливите извори на енергија постигнаа рекорден удел во јавното производство на енергија од 59,7 проценти, или изразено во бројки, 260,7 од вкупно произведените 430,1 Терават часови електрична енергија.

Како резултат на тоа, производството на струја од лигнит опадна за 27 проценти и од јаглен за 35 проценти. При проширување на капацитетот за производство, се истакнаа фотоволтаиците со околу 14 гигават часови произведена струја. Ова е за прв пат двоцифрено зголемување и ја надмина законската цел на федералната влада за заштита на климата. Ова се базира на податоците за германското нето производство на електрична енергија за јавно снабдување со електрична енергија.

Разликата од нето и бруто производство се разликува во тоа што во бруто производството на електрична енергија се пресметува и сопствената потрошувачка на струја на електраните заедно со онаа што се внесува во јавната мрежа. Електроенергетската индустрија пресметува со нето количини. За тргување со електрична енергија, искористување на мрежата и на берзите се тргува само со нето количина на произведена електрична енергија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER