Врачени признанијата Автомобил и СУВ на годината во Македонија

Вести

Opel Corsa и Toyota RAV4 лауреати за 2020

Националното жири за избор на  „Автомобил на годината во Македонија“по 25. пат ги врачи наградата и признанието „Автомобил и СУВ на годината “.

Скопје, 13 јули 2020 година

 

Националното жири за избор на  „Автомобил на годината во Македонија“по 25. пат ги врачи наградата и признанието „Автомобил и СУВ на годината “.

Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата. Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.

„Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои се оценуваа според следниве шест критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa. Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи. Иако во една од најтешките години во автоиндустријата, со ова признание ставивме шлаг на тортата од сите награди кои ги доби новата Opel Corsa од својата премиера на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт во септември лани. Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година. Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово.

Признанието за СУВ на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4.

„Toyota Авто Центар како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија што ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата “SUV на годината”. Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а се уште не ја донеле својата одлука на избор, вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Тојота Ауто Центар.