Војната меѓу ПОЦ и пазарџиите заврши, постигнат мировен договор

Војната меѓу ПОЦ и пазарџиите заврши, постигнат мировен договор

Објавено на 15 февруари 2020 година

После период на неизвесност, јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар и пазарџиите од Зелен пазар, заедно со општината Центар и Скопски пазар постигнаа договор за надминување на проблемите на паркиралиштето кај Аутомакедонија. На меѓусебната средба беа разгледани доставените барања од пазарџиите и се разговараше за нови ефикасни решенија кои се во интерес и на жителите и на трговците од зелениот пазар, по што беше изнајдено решение за иднина. Според него Паркинзи на општина Центар идниот март ќе го уреди дивиот паркинг позади Зелен пазар кој моментално е во хаотична состојба и не е функционален ниту за жителите ниту за корисниците на услугите на Скопски пазар. На ова неуредено паркиралиште ПОЦ ќе постави нов систем за контрола на влезно-излезни рампи со кој едниот дел ќе биде наменет за товарните возила на пазарџиите, а останатиот дел резидентен паркинг за жителите од улицата 11 Октомври и булеварот Кочо Рацин. Со отворање на ова паркиралиште, паркиралиштето Аутомакедонија целосно ќе се ослободи од товарните возила и ќе им овозможи на жителите брз и лесен пристап до нивните домови. Општина Центар во координација со пазарна инспекција ќе ја преземе одговорноста за дивите пазарџии на паркиралиштето кај Аутомакедонија.

 

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER