Вистината за Брегзит

Вистината за Брегзит

Велика Британија требаше утре да излезе од Европската Унија, но…

Објавено на 28 март 2019 година

Утре е денот кога требаше да се случи Брегзит. Но нема – Британија се заплетка во сопствената мрежа ставајќи ја на судни маки премиерката Тереза Меј која врелиот костен го префрли на парламентот. А тој гласаше против сé – сите 16 предлози за начинот на раздружувањето меѓу Обединетото Кралство и ЕУ беа отфрлени. Ниту еден развод не е пријатен, но Британците имаа доволно време да се подготват за него. Дури и премногу, бидејќи во меѓувреме започнаа да се преиспитуваат дали постапуваат исправно. Ситуацијата во која се најдоа ќе ја илустрираме со автомобилската индустрија, од каде уште од самиот зачеток на идејата за Брегзит стигнуваат апокалиптични предвидувања. Конкретно со примерот на BMW и неговата британска филијала Mini, која се смета за суперуспешен  деловен потег во последните неколку децении.

Од таму уште во ноември 2016-тата се слушнаа првите гласови за негативните ефекти што може да ги предизвика британското напуштање на Европската Унија. Тие беа политички воздржани, колку да се констатира дека ситуацијата може да доведе марката да го пресели производството на Mini надвор од Островот. Тогаш и сега, возилата на Mini освен во Велика Британија во помали количини се произведуваат и во Холандија и Австрија. Половина година подоцна, во март 2017-тата, позициите беа потврдени со дополнување дека поставувањето на било какви царински или други бариери ќе значи крај за производството на Mini во Велика Британија и негово преселување на други локации, пред сé во Германија. Следеше период на молк, кој беше прекинат лани во јуни со констатирање на претходно кажаното, кое сублимирано во една реченица значи дека BMW ќе ја напушти Британија доколку синџирот на снабдување со делови и компоненти биде нарушен.

И тоа остана на сила дури и откако Honda објави дека ја затвора својата фабрика во Свиндон, што според Јапонците не е последица на Брегзит. Но без разлика дали е така или не, месец дена после тоа започнаа да кружат гласини дека токму BMW е заинтересиран да ја купи фабриката од Јапонците која треба да се затвори во 2021 година и во неа да го произведува X1, а можеби и новата серија 1. Бројките за продажбата на моделите поставени на оваа платформа на која се направени и сите модели на Mini ја поддржуваат бизнис логиката на BMW за преземање на фабриката од Honda, но ретроградно гледано оваа намера е во целосна спротивност со сето претходно кажано околу Брегзит и последиците од него. Тогаш беше истакнато дека 80% од производството на Mini се извезува, а 90% од потребите компоненти и делови се увезуваат. Во случај со X1 или серијата 1 овие бројки би биле уште поголеми, така што се поставува прашањето што во меѓувреме околу Брегзит се промени?

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER