Виртуелна реалност за немирните деца (со видео)

Видео Занимливости

Виртуелна реалност за немирните деца

Децата се радост за целото семејство, но грижа за возачот, посебно на долги патувања кога е тешко веројатно да останат мирни, но Audi со помош на високата технологија покажа дека и тоа е можно
Објавено на 18 јануари 2019 година

Саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас веќе половина век е место каде се собираат сите оние што го предводат светот со своите технолошки изуми. Тука можат да се сретнат многу чудни иновации, но и голем број практични решенија кои ни покажуваат како ќе живееме во блиска и не така блиска иднина. Со оглед на интеграцијата на напредните технологии во автомобилите, тој во последниве десетина години е цел на интересирање и на производителите на возила и компоненти. Меѓу нив преовладуваат паметните решенија кои треба да ни го олеснат и направат побезбеден животот на тркала. Така на пример Audi со помош на високата технологија нѝ покажа дека е можно децата да останат мирни и да не му создаваат грижи на возачот на долги патувања. За таа цел едно возило беше конвертирано во центар за виртуелна реалност, кој возењето го прикажува како видео игра со теми од Дизни. Настаните во неа го следат движењето на возилото, а е овозможено и интерактивно учество. За големите деца како нас е развиена посебна верзија на овој софтвер со марвеловите одмаздници, во која се патува  со вселенски брод преку астероидно поле. Од Audi велат дека оваа одлична идеја засега е имплементирана чисто за истражување на можностите.

Видео

клучни зборови: