Викендов Партизанска ќе се копа
Објавено на 31 мај 2019 година
Внимание до сите возачи – министерството за внатрешни работи извести дека викендов заради градежно-монтажни зафати за поставување на гасоводна цевка, булеварот Партизански одреди ќе биде прекопан кај спојувањето со улиците Манапо и Лондонска. Заради тоа, утре во сабота и во недела сообраќајот по Партизанска на потегот од поликлиниката Букурешт до Сити Мол ќе биде во прекин. Така возачите кои доаѓаат од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочуваат лево по улицата Љубљанска кон булеварот Илинден и десно по улицата Московска кон Митрополит Теодосиј Гологанов, а оние што одат од Центар кон Ѓорче Петров кај поликлиниката Букурешт ќе мора да свртат десно по улицата Бледски Договор и понатаму кон Илинденска, или пак лево по Париска кон Прашка, која, патем кажано, од скоро е еднонасочна и ќе ги врати назад кон булеварот 8 Септември.