Медениот месец заврши
Дека ќе дојде и тој момент се знаеше, но не се знаеше кога. Сите се надеваа дека ќе трае подолго, но чуварите на чекмеџето на британската круна алармира и сега веќе место субвенции се подготвува оданочување на електричните возила. Со други зборови, медениот месец заврши и време е секој да придонесува во заедничкиот живот. Тоа вистински ќе се случи од 2025 година кога даноците за електричните возила ќе се изедначат со оние за класичните и хибридните со емисија на јагленород диоксид до 50 грама на километар. Но нема да се запре тука – крајната замисла е еден ден за сите возила без разлика на видот на погонот да се плаќа ист годишен данок.