Благо нивелирање на цените на горивата

Благо нивелирање на цените на горивата

И покрај турбулентните настани на светската нафтена сцена, неделава ја започнуваме само со благо нивелирање на цените на дериватите кај нас

Објавено на 24 јуни 2019 година

Регулаторната комисија за енергетика објави дека горивата во просек поскапуваат за 0,66%, процент што е добиен како резултат на взаемното влијание на намалувањето на референтната цена на бензинот на светските берзи за 0,144%, на зголемувањето на цената на дизелот за 1,846% и поскапувањето на доларот за 0,504%. Имајќи ги предвид движењата на овие параметри, од утре за литар еуросупер БС-98 и за еуродизел Д-Е V ќе плаќаме по 0,50 денари повеќе, додека цената на еуросупер БС-95 не се менува. Со тоа, малопродажните цени на нафтените деривати во наредните седум дена кај нас ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -95 – 67,00 денари за литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 – 69,50 денари за литар
  • Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС Д-Е V – 60,50 денари за литар

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER