Бензинот повторно поевтини, дизелот не

Top News Македонија

Бензинот повторно поевтини, дизелот не

Објавено на 31 март 2020 година

Како последица на движењето на берзанските цени на нафтените деривати на светскиот пазар, регулаторната комисија за енергетика на Македонија одлучи дека од денес бензинот ќе биде поевтин, а дизелот поскап. Разликата во цените не е драстична како што беше минатата и неделата пред неа, така што цената на литар еуросупер БС-95 се намалува за еден, на литар еуросупер  БС-98 за еден ипол, а дизелот поскапува за половина денар. Така сега на бензинска пумпа ќе ни побараат по 48,50 односно 50,50 денари за бензините, а за дизел 46 денари. До оваа математика регулаторната комисија дојде по намалувањето на референтната цена на бензинот на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период за 14,70% и зголемувањето на цената на дизелот за 0,93%, како и поскапувањето на доларот во однос на денарот за 1,54%.