Аутомакедонија стана увозник на Piaggio Commercial
Објавено на 21 ноември 2019 година
После SsangYong, портфолиото на Аутомакедонија стана побогато и за програмата на италијанскиот производител на лесни комерцијални возила Piaggio Commercial. Потпишаниот договор предвидува оваа наша куќа да биде официјален и ексклузивен увозник и дистрибутер за Македонија. Салонот за Piaggio Commercial ќе биде лоциран во продажно сервисниот мултибренд комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода, а првите возила се очекуваат да пристигнат наскоро. Кои се тие добро знаеме – мали по димензиите но одлични во перформансите, флексибилноста и носивоста. Производствената програма им е поделена на две категории, со три и четири тркала. Првата се популарните Ape, кои ги носат во себе препознатливите гени на мото дивизијата на Piaggio. Porter товарните возила имаат вкупна бруто маса од 3,5 тони со модели кои може да извлечат максимална дозволена носивост од 1,2 тони. Piaggio Commercial годишно произведува преку 200.000 возила.