Аутомакедонија е новиот увозник на SsangYong

Аутомакедонија е новиот увозник на SsangYong

Објавено на 12 ноември 2019 година

Во пријатна атмосфера, генералниот директор на Аутомакедонија, м-р Зоран Дочински и претседателот на корпорацијата Ратола, овластен дистрибутер на корејската марка SsangYong за нашата земја, г-дин Васил Баров, потпишаа договор за соработка и партнерство. Со тоа Аутомакедонија АД Скопје официјално стана увозник, дилер и овластен сервисер за возилата од програмата на SsangYong за Македонија. Првите возила веќе се порачани и се на пат кон Скопје. Салонот на SsangYong ќе биде лоциран во продажно сервисниот комплекс на Аутомакедонија во населбата Кисела Вода во Скопје (бул. Борис Трајковски бр. 21), во кој ќе биде сместен и овластениот сервисен центар. Подготовките на инфраструктурата, опременоста и кадарот се во тек. Официјалните активности се очекува да стартуваат идниот месец.

„Договорот за соработка со Ратола го потпишавме со огромно задоволство. Силно сме уверени дека возилата на корејскиот производител на возила специјализиран во сферата на SUV моделите ќе биде одлично надополнување на понудата на Аутомакедонија. Ќе работиме силно на промоцијата на брендот и неговите вредности на пазарот и ќе дадеме сé од себе да ја освоиме довербата на нашите постоечки и нови клиенти со квалитет и врвна услуга. Веќе сме во преговори со домашните финансиски институции возилата на SsangYong да влезат на пазарот и со одлични пакети за финансирање кои ќе им помогнат на нашите граѓани полесно и поедноставно да го направат својот вистински избор“, изјави Дочински.

Почетокот на активностите на Аутомакедонија се совпаѓа со исклучително значајните за SsangYong лансирање на најновата четврта генерација на Korando, почетокот на продажбата на редизајнираниот Rexton, освежениот Tivoli и новата подолга верзија на пикап камионетот Musso Grand.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER