Активистите се заканија: Ќе го блокираме IAA!

Активистите се заканија: Ќе го блокираме IAA!

Објавено на 6 септември 2019 година

Во пресрет на најголемиот есенски салон на автомобилите, IAA во Франкфурт, полицијата има полни раце работа за да ги спроведе засилените мерки на безбедност што ги налага ситуацијата. Нема да им биде лесно бидејќи активистите против климатските промени најавија „спонтани немири“ со цел да ја нарушат манифестацијата. Според нив, заради трката за поголем профит автомобилската индустрија е голем виновник за сé лошо што се случува со планетата земја кој не сака да поднесе одговорност за тоа. Работата е сериозна бидејќи има и милитантни кои не исклучуваат вандализирање на експонатите. Меѓу нив посебно се истакнува групата која се нарекува „Камења во менувачот“ обвинета за оштетување на повеќе од 40 луксузни возила од марките Jaguar, Land Rover и Aston Martin минатата недела во Висбаден. Тогаш вратите на едно дилерство во беа разбиени, а возилата искршени со метални предмети. На списокот свои барања активистите ги вклучија и подобрите услови за работа во рудниците од кои се вадат репроматеријалите за батериите за електричните возила.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER