Пред крајот на годинава македонската автомобилска сцена заживеа. По подолга апстиненција преставени се во два дена два нови модели. Кај нас пристигнаа рестилизираната Opel Corsa и електричното првенче на Skoda, Enyaq. Mercedes за светото го претстави AMG CLE 53 Coupe, новиот перформансен модел кој е ставен на цилиндерска диета. Денеска имаме осврт и на автономните возила, што тие ни носат, која треба да биде нивната улога и колку се реални во догледно време. Кинеските гиганти Nio и Geely се групираат околу концептот на напојувањето на ЕВ, со технологија на промена на батериите. По американската премиера енигма останува дали ќе дојде Tesla Cybertruck во Европа. Па, да почнеме по ред…
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu