Ќе се реконструира улицата „Орце Николов“ (видео)

Ќе се реконструира улицата „Орце Николов“

Објавено на 20 јуни 2020 година

Според информациите од општина Центар, на почетокот на идниот месец ќе започне реконструкцијата на улицата „Орце Николов“. Со ова треба да се реши еден од горливите проблеми во овој дел од градот, за кој меѓу другото веќе зборувавме со директорот на Паркинзи на општина Центар Васко Кичевски пред некој месец. Тој тогаш ги објасни плановите за планираната реконструкција на оваа улица која ќе се стеснување на коловозниот дел со задржување на двете ленти за возила, проширување на тротоарите согласно стандардите на урбано планирање, задржување на целиот постоен дрворед долж улицата и измена на режимот на сообраќај со воведување на каскадно паркирање со цел ослободување на тротоарите. За обезбедување побезбеден сообраќај планирана е и реконструкција на улиците „Мирослав Крлежа“ и „Аминта Трети“.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER