Volkswagen вели ќе ја победи Tesla!
Објавено на 28 јануари 2020 година
Веднаш откако беше објавено дека според пазарната капитализација Tesla ја надминала вредноста на Volkswagen, од Германија стигна вест дека директорот на компанијата Херберт Дис очекува еден ден да го победат американскиот производител на електрични возила на неговиот сопствен терен. Потенцираме, еден ден! Тоа што Volkswagen како најголем производител на возила во светот поседува 122 фабрики и лани пласираше на пазарот скоро 11 милиони возила, а Tesla 30 пати помалку, не треба да се потенцира. Сепак, во оваа негова изјава лежи една голема вистина, а тоа е дека не е битно колку работиш туку како работиш. Заклучокот од сето ова ќе ви го оставиме вам.


