Франција – ЕВ за сиромашни

Три годишно користење на ЕВ за семејства со ниски приходи, без учество, со мала рата и без обврска за откуп

Во текот на јануари 2024 француската влада воведува нова програма која ќе направи омасовување на ЕВ. Веќе известивме за укинувањето на субвенциите за одредени возила произведени во Кина, а како нова мерка за помагањето на домашните и европските производители на ЕВ е „Социјалниот лизинг“.

Критикувани како екстремно скапи, ЕВ се недостапни за поголемиот дел од популацијата. Со мерката што ќе ја воведе Франција оваа перцепција ќе биде сменета. Францускиот претседател Емануел Макрон првично најави плаќања на закуп за ЕВ од 100 евра месечно, но се чини дека производителите на автомобили успеаа уште повеќе да ја намалат оваа сума.

Покрај ниските месечни давачки, значајна карактеристика на програмата е отсуството на учество кое го  субвенционира француската влада. За да се квалификувате за „социјален лизинг“, мора да сте жител на Франција, да имате годишен приход до 15.400 евра, да патувате повеќе од 8.000 километри годишно и да живеете најмалку 15 километри од вашето работно место. Исполнувањето на овие критериуми ќе ви овозможи поволен тригодишен договор за лизинг со опција за купување на користеното возило по истекот на предвидениот период.

Договорот ги покрива и трошоците за осигурување, што овозможува откажување во случај на смрт, инвалидитет или невработеност. Во програмата се вклучени осум модели на групацијата Stellantis, а за некои од нив, вкалкулирани се трошоците за домашниот полнач, но не и надоместокот за негова инсталација. Тоа се однесува на Opel Mokka Electric (119 евра месечно), Opel Corsa Electric (94 €/м) и Citroen e-C4 (129 €/м). Според пресметките, најповолен ќе биде новиот Citroën ë-C3 за кого месечниот наем ќе чини само 54 евра.

Во листата влегоа и FIAT 500 (89 €/м), Peugeot e-208 (99 €/м), Peugeot e-2008 (148 €/м) и Jeep Avenger (149 €/м). Stellantis потврди дека мал електричен модел на FIAT, најверојатно новата  Panda EV, ќе се приклучи на програмата на крајот на 2024 година. Единственото ЕВ од бренд кој не е на Stellantis што ќе учествува во програмата е претстојниот Renault Twingo E-Tech.

Со оглед на ветената цена под 20 илјади евра, веројатно е дека ќе биде една од најприфатливите опции. Дополнително, претстојните Renault 5 E-Tech и VW ID.2 исто така би можеле да се приклучат на пакетот кога ќе пристигнат на пазарот. Дополнително, избор на половни автомобили постари од 42 месеци, ќе бидат вклучени во закупот како поповолни алтернативи. Сосема очекувано, ниту еден кинески модел не е вклучен во листата. Оваа мерка е добра за социјално ранливите категории, но дали ќе биде меч со две острици? Времето ќе покаже како овој потег ќе се одрази на оние што имаат поголеми примања а се кандидати за купување на ЕВ.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER