Sony Honda Mobility Inc.
Само пред неколку месеци дискутираа за стратешки сојуз во полето на мобилноста, сега Sony Group Corporation и Honda Motor Co., потпишаа договор за основање нова компанија која ќе се занимава со продажба на електрични возила и ќе обезбедува услуги за мобилност.
Новата компанија, заедничко вложување 50-50, ќе се вика Sony Honda Mobility Inc. Секоја страна има свои задолжениа, па така под ингеренции на Honda ќе бидат еколошките и безбедносните технологии, развојот на мобилноста, технологијата за производство на каросеријата на возилото и искуството за управување со пост продажбата. Sony е силен играч во електрониката и разбирливо е што ќе има главен збор во развојот и примената на технологии за фотографирање, сензори, телекомуникации, вмрежување и забава. Ново формираната компанија ќе започне со активности годинава, а првите електрични возила ќе дебитираат во 2025. Истиот период е означен како почеток на давање услуги за мобилност на заинтересирани компании. Задоволството на формирањето на сојузот двете страни не го кријат. Напротив, нивните очекувања се оптимистички засилени со верба во исполнување на зададените цели.

