Се продава Југо со два мотора и 1000 коњски сили (видео)

Се продава Југо со два мотора и 1000 коњски сили

Меѓу 1985 и 1992 година во Америка се продадени околу 140.000 примероци на Југо – овој е најбесниот

Објавено на 14 јуни 2020 година

Додека Југо служеше за потсмев и беше инспирација на многу вицеви, некои го сфатија сериозно. Кај нас служеше за трки и во него беа вградувани помоќни мотори од Fiat, но Американците отидоа радикално подалеку и во малата каросерија вградија два 8,2 литарски V8 мотори од Cadillac Елдорадо. Тоа значи дека има 16 цилиндри, погон на сите тркала и скоро 1000 коњски сили. Меѓутоа сите не можат да се искористат бидејќи има само еден систем за ладење. Тој совет добро ќе му дојде на идниот купувач на оваа ѕверска машина, која иако уникат каков што нема никаде на светот и не чини многу – неговиот креатор за него бара 25.500 долари.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER