Кој, каде, како…
Практично не постои развиена земја која нема автомобилска индустрија но само мал број нации можат да се пофалат дека имаат сопствени марки возила, барем од оние глобално познатите. Со исклучок на Кина која е приказна за себе, најбогати во тој поглед се Јапонците и Американците со единаесет односно десет марки автомобили, ако не ги сметаме малосериските и оние специјализирани само за комерцијални возила. Следат Германија, Велика Британија и Италија со по шест, Франција има пет а Јужна Кореја четири сопствени марки автомобили. Шпанија од пред некоја година ги има две а Чешка и Романија по една. За приказната да биде комплетна треба да ги споменеме уште Русија, Индија и од скоро Виетнам.
Вкупно сé на сé во светот егзистираат нешто над педесетина марки автомобили од кои само неколку можат да се декларираат како независни – скоро сите се контролирани од десетина светски групации од пет држави.


