Дизелот останува на тронот!
Цената на сировата нафта на светските берзи во однос на 14 јуни о.г. , кога беше најскапа, е намалена за повеќе од 30%, но тоа не е причина истата кај нас да не поскапи! Според методологијата на РКЕ малопродажните цени од утре ќе се зголемат за половина денар за бензините, а дизелот ќе поскапи за денар и половина по литар. Од полноќ горивата ќе се продаваат по следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС–95 89,00 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 91,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 93,50 ден/лит.


