Дизелот поскап од 95-ка!
Со последната корекција на цените од страна на РКЕ прв пат се случи дизелот да стане поскап од Еуросупер 95 и тоа за 1,5 денари. Намалувањето на цените се однесува само на бензините и тоа 2 денари за Еуро супер 98 за два и за Еуросупер 95 за 2,5 денари додека дизелот останува на истото ниво. Ова се новите малопродажни цени на нафтените деривати:
ЕУРОСУПЕР БС–95 98,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС–98 101,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ 100,00 ден/лит.


