Суперите за два денари помалку!
Првиот ден на септември донесе радост за сопствениците на возила со бензински мотори. Од полноќ Супер БС-95 ќе се продава за 87,5 денари по литар, а Супер БС-98 за 90 денари. Цената на Еуродизелот останува 101,5 за литар. Така, во последните три дена два пати е постигната историска разлика во малопродажните цени на овие горива. Сега Еуродизелот е поскап за цели 14 денари од 95-ката и 11,5 денари од 98-ката.


