Пристигна новиот Volkswagen T-Roc!

Со свеж ветер во едрата

Младешкиот ентузијазам со кого T-Roc ги освои симпатиите на купувачите продолжува со засилено темпо. Дотерувањето се одрази на сите аспекти, некои забележливи на прв поглед, некои доаѓаат до израз во користењето, како што се IQ.Light, со LED матрични фарови и IQ.Drive помош за патување со предвидлив ACC темпомат. Новиот T-Roc ја содржи третата генерација на инфозабавни системи Modular Infotainment Toolkit (MIB3), што овозможува користење на различни функции и услуги базирани на интернет. Услугите We Connect Plus може да се користат бесплатно во Европа во период од една година по испораката на возилото и се дел од стандардниот пакет. Функциите Apple CarPlay™ и Android Auto™, исто така, може да се интегрираат во инфозабавниот систем преку App-Connect, а во линиите на опрема Style и R-Line поврзувањето е бежично. Компактот со новата генерација го нагласува свежиот дизајн на екстериерот, а во внатрешноста нуди иновативни системи за помош, бројни дигитални услуги. По моторизација припадник на „класичното крило“ опремен е со бензински и дизел мотори кои испорачуваат од 116 до 190 коњи. Стандардно погонот е на предните тркала преку шест степен рачен менувач. За оние со поголем ентузијазам опционално е достапен седум стапен DSG и 4MOTION.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER