Јапонците се надеваат дека најмалиот модел, кој на пазарот ќе дојде вгодина, ќе го зголеми обемот на продажба

LBX наскоро ќе биде најмалиот Lexus што досега ќе биде лансиран на пазарот и првенствено е наменет да привлече нови купувачи на луксузната дивизија на Toyota. Тој е скроен да им се допадне првенствено на помладите европски клиенти.

Трите букви LBX, кои значат „Lexus Breakthrough Crossover“, веќе ја откриваат неговата посебна позиција во гамата на моделите. Градскиот кросовер долг е 4,20 метри а ја користи прилагодената платформа за мали автомобили GA-B на Toyota. Звучи познато? LBX всушност е луксузна интерпретација на Yaris Cross.

Поставен е на 18 инчни тркала и, како што доликува на премиум производ, направени се дизајнерски зафати јасно да го дистанцираат од донаторот. Маската на ладилникот и светлата добија потполно нова интерпретација акцентирајќи го гломазниот изглед на предницата со што е зачуван идентитетот на марката. Ова исто така важи и за дизајнот на каросеријата, кој беспрекорно се вклопува во дизајнерскиот јазик на Lexus.

Секако дека ќе ги исполни очекувањата со фините материјали и беспрекорната изработка. И покрај компактните димензии, има доволно простор за четири лица, а инженерите ветуваат дека при возењето преовладува тишината типична за брендот.

Возачот гледа во уредно конципиран информативен центар, кој може да биде дополнет со head-up дисплеј. Инфозабавата се контролира преку централно лоцираниот 9,8-инчен монитор осетлив на допир.

Багажниот простор нуди 332, а во верзијата со погон на сите тркала, волуменот е намален на 240 литри. Како што се очекува, за погонот се користи веќе познатиот хибриден систем, во кој 1,5-литарски трицилиндричен агрегат е комбиниран со електричен мотор, кои заедно постигнуваат системска моќност од 136 КС.

Спринтот до 100 км/ч се апсолвира за 9,2 секунди, а максималната брзина е 170 км/ч. Вториот електричен мотор во задниот дел му дозволува на LBX да мутира во возило со погон на сите тркала. Најновата генерација на Lexus Safety System + е одговорна за безбедноста, а отворена е опцијата дали во иднина ќе има целосно електрична варијанта.

LBX ќе има пет нивоа на опременост, три во чиј фокус е, пред се, висококвалитетниот изглед и две наменети за поспортски и подинамични впечатоци. Цената за најмалиот модел во портфолиото сè уште не е одредена, но логично би било таа да биде околу 30.000 евра.

На ова се надоврзува амбицијата на Lexus да се продаваат годишно во Европа околу 25.000 примероци на LBX што ќе помогне марката да го достигне нивото од 100.000 продадени примероци. Lexus моментално во Европа продава околу 70.000 возила годишно.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER