Нови цени на горивата во Македонија
Официјално горивата поскапуваат, ама ние тоа на бензинска пумпа нема да го забележиме
Објавено на 16 декември 2019 година
Претпразничното расположение иако за нас сé уште е далеку ја зафати и македонската регулаторна комисија за енергетика – тие на својата денешна седница одлучија нови цени на горивата да нема, односно како затишје пред новата година да останат истите како и досега. Тоа значи дека и понатаму ќе плаќаме по 67 односно 69 денари за бензините еуросупер БС-95 и БС-98 и по 61,50 денари за литар од дизелот Д-Е V. За да не испадне дека за нив празниците започнале порано и ништо не сработиле, тие известија дека до оваа своја одлука дошле после анализата на движењата на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 0,85%, а кај дизелот за 1,21%. Тоа во содејство со поевтинувањето на доларот за 0,43% пр9идонесе за просечно зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати за 0,54%.


