Нова недела, нови цени на горивата – овојпат поголеми
Објавено на 18 февруари 2020 година
На наша среќа, за малку. Така реши регулаторната комисија за енергетика која на вчерашната седница ги разгледуваше движењата на меѓународните цени на нафтените деривати и одлучи бензините и дизелот да поскапат во просек за 0,84 отсто, или во пари изразено едвај за половина денар. На тоа влијаеја референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кои забележаа зголемување кај бензинот за 0,35% а кај дизелот за 1,19%, додека курсот на денарот во однос на доларот порасна за 1,00%. Согласно тоа, според методологијата за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт кај нас, бензините еуросупер БС-95 и БС-98 ќе се продаваат за 66 односно 68 денари за литар, а дизелот за 58.


