Ми-Да Гранд Моторс и официјално на нова локација и со нова понуда (со видео)

Ми-Да Гранд Моторс и официјално на нова локација и со нова понуда (со видео)

Новиот модерен дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди

Објавено на 14 октомври 2019 година

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, Ми-Да Гранд Моторс, и официјално започна со работа на својата нова локација во комплетно нов атрактивен продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја. Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9.600 m², од кои затворен објект на 2.640 m² со салон од 450 m² каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и сервис од 1.300 m² каде веќе постоечките сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди. „Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на Ми-Да Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на бул. Босна и Херцеговина бр. 1, односно на крстосницата со булевар Словенија, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила Аутото, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година. Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25 годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сé до крајот на 2019 година. Во рамки на кампањата за сите возила достапни на залиха следуваат попусти од најмалку 15% зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски пневматици, каско осигурување, кровни носачи и друго. За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.

Како изгледа новиот дом на Ford Македонија можете да погледнете во видеото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER