Македонска премиера – Škoda Karoq

Освежен елан!

Во салоните на Škoda во нашата земја пристигна новиот, освежен Karoq. Овој модел со повеќе од 500.000 продадени примероци е еден од столбовите на успехот на Škoda. За да се одржи овој тренд, автомобилот е внимателно модернизиран. Новата, освежена верзија има нов дизајн, подобрена аеродинамика и модерни системи за помош и инфозабава. Подобрениот еколошки ефект беше една од клучните цели па затоа моторите од генерацијата Evo се застапени со бензинскиот 1,5 литрен TSI со турбополнач и 150 КС или двете верзии на дволитарскиот 2.0 TDI турбодизел со 115 и 150 коњи. Внатрешниот дизајн на Karoq користи еколошки материјали, кaко опционалниот тапацир од ткаенина ECO направена од рециклирани материјали од неживотинско потекло и се користи како облога на седиштата и другите места. Škoda Karoq располага со мноштво безбедносни карактеристики и асистенти за возење, а во него може да се вгради и најсовремениот пакет за помош при патување, кој значително ја зголемува удобноста на долги патеки. Освежениот Karoq доаѓа и во спортска верзија Sportline. Лесно ќе се препознае по дизајнот на тркалата и голем број детали во црна боја како што се решетката на ладилникот, облогите на прозорците, надолжните шини на покривот и капаците на надворешните ретровизори. Ексклузивно за овој модел се вградува дволитрен 2.0 TSI со 190 КС впарен со DSG менувач и погон на сите тркала. Повеќе детали во најблискиот салон на Škoda или на www.skoda.mk.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER