Mazda6, Bella Ciao – Видео

Откажана во последен миг! Громогласните најави за новата генерација на лимузината Mazda 6 ја потресоа автомобилската јавност. Згора на тоа ветено беше ново подвозје, шест цилиндерски бензински и дизел мотори со високо ниво на ефикасност и штедливост. И кога веќе се очекуваше конкретен резултат почна да се шепоти за потполно гаснење на проектот.
РКЕ – Ново поскапување

Се ближиме на 90-ка! Бензините поскапуваат за два денари по литар, додека дизелот за 1,50. Ова се новите цени на фосилните горива кои ќе важат од полноќ. ЕУРОСУПЕР БС–95 86,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС–98 88,00 ден/лит,ЕУРОДИЗЕЛ (Д–Е V) 87,00 ден/лит, БИОДИЗЕЛ 88,00 ден/лит.
Македонска премиера – Škoda Karoq

Освежен елан! Во салоните на Škoda во нашата земја пристигна новиот, освежен Karoq. Овој модел со повеќе од 500.000 продадени примероци е еден од столбовите на успехот на Škoda. За да се одржи овој тренд, автомобилот е внимателно модернизиран. Новата, освежена верзија има нов дизајн, подобрена аеродинамика и модерни системи за помош и инфозабава. Подобрениот […]
VW ID Buzz – Ќе има повеќе изведби

Amarok на струја? Од самото лансирање VW ID Buzz ќе биде достапен во две верзии како Van People со пет седишта и како Transporter Cargo со две или три седишта и посебен товарен простор. Најавени беа и верзии со подолго меѓуоскино растојание, па првата скица што ја дистрибуира главниот дизајнер на семејството ID, Клаус Зикиора, […]