Дигитални услуги – Нов хоризонт за заработка

Производителите на автомобили очекуваат дополнителни приходи од овозможување дигитални услуги

Во моментов, дигиталните услуги генерираат само 3 отсто од приходите на производителите на автомобили, што не е доволно да се покријат високите инвестициски трошоци. Сепак, оптимизмот околу приходите од овој сегмент се зголемува. Предвидувањата велат дека во следните две децении производителите на автомобили ќе заработуваат десеткратно повеќе од дигиталните услуги.

Ова ќе биде потпомогнато со воведувањето на софтверски дефинирани возила (СДВ), кои на марките ќе им даваат повеќекратни потенцијални нови приливи на приходи и се очекува да го надминат она што го остваруваат од продажбата на возила. До 2030 година, дигиталните услуги би можеле да генерираат дополнителни приходи од 1,5 трилиони долари за глобалната индустрија, а до 2040 година може да се зголеми на 3,5 трилиони долари, што е 40 отсто од вкупниот приход од автомобилската индустрија.

Дигиталните услуги се изградени на податоци на поврзани возила кои се интегрирани во екосистем на инфраструктура, услуги или даватели на технологија. Во моментов услугите за податоци, како што е предвидливото одржување, можат да обработуваат информации за возилото. Во меѓувреме, услугите базирани на возила, вклучително и автономното возење, комуницираат со самото возило.

Производителите на автомобили се надеваат дека СДВ ќе се однесуваат како паметните телефони преку спојување со автомобилите или преку поврзаните функции на самиот автомобил, како што е автоматско плаќање на гориво или на станиците за полнење на ЕВ. Во иднина, софтверот треба да стане извор на нови премиум услуги, како што се стриминг музика или паркирање со камери, со потенцијално високи профитни маржи, по примерот од индустријата за паметни телефони.

Новите услуги за мобилност, возење во град и автономно возење овозможени преку претплати, исто така ветуваат дека ќе донесат профит за производителите на автомобили во текот на животниот циклус на возилото.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER