Да видиш, да не веруваш – место да поскапат, горивата поевтинија

Да видиш, да не веруваш – место да поскапат, горивата поевтинија

Објавено на 1 јуни 2020 година

Според пресметката на регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, горивата од утре наутро ќе ги плаќаме поевтино во просек за 0,69%. Во денари изразено тоа значи дека за сите ќе мора да издвојуваме по 0,50 денари помалку, или конкректно за еуросупер БС -95 бензинот по 57 денари, за оној од 98 октани по два повеќе, а за дизелот по 49 денари за литар. Тие до оваа нивна математика имаат дојдено благодарејќи само на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои во споредба со изминатиот седумдневен период забележаа намалување кај бензинот за 1,89% и кај дизелот за 2,594%, истовремено кога вредноста на доларот опадна за 0,464%. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според пропишана методологија, малопродажните цени на  нафтените деривати кај нас се намалуваат за толку колку што пресметале нашите ревносни антимонополисти.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER