Ако некој своите модели ги прави тркачи на долги стази, тоа е несомнено Volvo. XC90 е модел во понуда од 2002-та година, а пред единаесет години на пазарот дојде неговата втора генерација.
Таа доживеа второ рестилизирање, овој пат суптилно и сосема доволно да го издржи притисокот на пазарот уште неколку години. Малите зафати на светлосните групи како да кажуваат дека она што функционира не треба да се поправа. Таков е пристапот и во ентериерот.
Погонската група остана иста. Приклучниот хибрид со системска моќност од 450 коњи ја дистрибуира моќноста на сите тркала и има одлични перформанси и секавични забрзувања.
Вистинското прашање е дали толкавата моќност е потребна во време кога ограничувањата на дозволената брзина притискаат од сите страни. Можеби таквиот пристап го оправдува, за возило потешко од 2,4 тона, солидната економичност. Погледнете го нашиот тест.




