Светот на автомобилите не престанува да не изненадува. Во него владеат посебни законитости кои се спротивни на логиката. Така луксузните марки се фалат со рекордни продажби и профити, додека оние, припаднички на масовното производство се борат со проблемите на снабдување и се поскапата енергија. Покрај проблемите, Toyota три години по ред е светски број еден а неа ја следи групацијата VW. На сцена се појави најголемата и најсилна сериска Mazda, кросоверот СХ90 а неделава е продаден најскапиот нов автомобил.


