Светот секојдневно се менува, а со него и автомобилската индустрија. Веќе одомаќената технологија на батериски електрични возила станува дискутабилна поради се поголемиот продор на хидрогенот и горивните ќелии. По стариот добар рецепт, се воскреснуваат ограничени едиции во чест на некоја легенда а вистинска денешна посластица е Ferrari SP48 Unica, направен исклучиво по желба и надзор на нарачателот. Прво ќе ве запознаеме со вестите и го отвораме денешното издание со домашна етикета. Добредојдовте во Авто Магазин.


