Минатата седмица не беше толку летаргична во однос на таа пред неа. Во само два дена најавени се два нови модели и дојдоа дојави за уште три кои ќе настапат на автомобилската сцена годинава. Електрификацијата на големо се спроведува во сите марки, а веста која ни доаѓа од Санта Агата ди Болоњезе, на сите љубители на перформансите им ја разбуди имагинацијата. Lamborghini со помош на хибридниот погон, во новиот модел по повод 60 годишнината од постоењето на марката, ќе испорачува 1015 коњи. Најомилениот караван доаѓа од таборот на Škoda. Octavia полни 25 години и бележи четири генерации. Големите тркала на големо се предаваат на „зелените технологии“ па во нив, покрај батериите има месо и за водородните горивни ќелии. Се осврнуваме и на статистиките што покажуваат интересни податоци, особено од водечките осигурителни компании.


