Златно Тркало – Најпосакуван Автомобил во Македонија 2021

Вести Македонија

Škoda Octavia на тронот во фотофиниш!

Peugeot доби два ”ресори“ од гласачите

објавено 17. март 2021

Изборот ”Златно Тркало“ е целосно веб базиран избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија, на кој глас даваат сите граѓани на РСМ кои имат пристап до интернет. Се гласаше на сајтот www.zlatnotrkalo.mk по категории, за по еден фаворит. На листата се наоѓаат нови автомобили презентирани на нашиот пазар во последните 12 месеци, за кои импортерите изразиле интерес за учество. До неделата 14 март во 23:50 часот, по 14 дневно гласање, регистрирани се вкупно 15.340 гласања во 4 категории. Во функција на организатори и презентери на новитетите се порталите www.avtoplus.mk / www.carclub.mk / www.carbyvik.mk и јутуб каналот rpm.mk ги претставија кандидатите пред македонска публика. Креатор на изборот е најстариот автомобилски медиум кај нас Авто Плус.

Победници по категории:

– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 954 гласа – Škoda Octavia

– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 1,971 гласа – Škoda Octavia

Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 1,389 гласа – Peugeot 2008

– Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 1,609 гласа – Peugeot e-208

Организаторите потврдија дека гласањето поминло регуларно, победите по категории се убедливи, а битката за сѐ вкупен победник Škoda Octavia до последен  момент ja водеше со Peugeot 2008.