Златно Тркало блесна по седми пат

Изборот за „Најпосакуван автомобил во Македонија“ ги додели наградите на лауератите

Националниот избор „Златно тркало“  по седми пат ја одржа својата свечена манифестација во камерна и свечена атмосфера.

Дека е вистински национален избор потврдуваат и правилата со кои се доделуваат наградите.

Организаторите, Avto Plus, CARclub, Cars by Vik, RPM.mk и БизнисИнфо беа медиуми преку кои се претставуваа, а читателите имаа можност да гласаат за предложените кандидати за специјалните награди и за најблескавата титула „Најпосакуван автомобил во  Македонија“.

Свеченоста беше отворена со доделување на признанието кое секогаш оди во рацете на Македонец кој со своето дело најдобро ја претставува нашата држава вон нашите граници. За 2026 година организаторите на пиедесталот го поставија, со полно право, нашиот автомобилски ас Игор Стефановски, за неговата долго годишна успешна кариера во која многу пати во автомобилските арени на врв на јарболот го постави нашето знаме.

Признанието му го признаието Дaнчо Здравковски, претставник на Ауто Плус. За одличјето „Најпосакуван градски автомобил 2026“ најмногу гласови освои новиот Renault Clio. Со својот неспорен магнетизам што трае повеќе од три децении, францускиот шармер во своето најново издание потврдува, не само дека не е уморен, туку е полн со елан да одговори на потребите на новите купувачи со дизајн, технологија и моторизации.

Наградата во име на увозникот на Renault за Македонија, Аутомотив Груп, ја прими Павле Стојчевски, директор на продажба од рацете на Кирил Урошев од RPM.

Електрификација не е мит, туку е реалност, не само во светот, туку и кај нас. Еден од светлите примери е скромното по години работење, но со голем придонес на пазарот е Делфино Мобилити Груп. Оваа компанија покажа дека со искрен пристап, одлично осмислени и уредени продажни места и со правилно ценовно позиционирање на производите, далеку источните компании и технологии се достапни за македонските потреби.

Со неговиот изглед, опременост и современи технологии, без сомнение е заслужен за освоените гласови. Поради тоа гласачите го избраа Lynk&Co 08 како „Најдобар електрифициран автомобил во Македонија за 2026“. Во името на Делфино Мобилити Груп наградата ја прими Илија Тоневски, генерален директор на компанијата која му ја предаде Виктор Чемерикиќ од Cars by Vik.com.

Старата изрека вели „Гласот на народот е гласот Божји“! Семејството е основна клетка на секое општество. Оваа категорија е парадигма каде комплексноста за сите потреби, почнувајќи од изгледот, удобноста, практичноста, ергономијата преку динамичноста, багажниот простор, па сѐ до „ефектот на појавата“ пред градинките и школите кога ги „собираме“ нашите деца. Македонците одлучија дека во оваа комплексна категорија дека треба да победи Opel Frontera.

Наградата ја врачи Андреја Јарчевски, Car Club.mk, а во име на Еуроимпекс, увозникот на Opel, за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, ја прими Драган Јовев, продукт менаџер. На крај следуваше нај блескавата титула „Најпосакува автомобил во Макединија“.

Иако се бориме за гола егзистенција имаме право да поскауваме. Гласачите се одлучија за Audi Q5, премиум спортско-корисно возило кое плени со својот изглед, избор на погони, опременост и луксуз. Повеќето од гласачите неможе да си го дозволат, не амбициите не се забранети.

Бренд менаџерката за Audi на Порше Македонија наградата ја прими Весна Бошњаковска, од оснивачот на изборот  „Златно тркало“ Влатко Кошевалиски.  „Златно тркало“ има свои пријатели кои со срдечна помош го овозможија овој настан.

Тоа е генералниот партнер „Шпаркасе лизинг“, ЕВН покровител на категорија електрифициран автомобил, ПСС покровител на категорија градски автомобил и КАр Бокс покровител на категорија семеен автомобил.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER