Официјализирани победниците
Втората по ред манифестација помина во знак на претпазливост
објавено 19. мај 2021
Во свечена атмосфера и во присуство на ограничен број гости се одржа второто доделување на наградите ”Златно тркало“. Годинешната манифестација помина во знакот на Skoda и Peugeot кои освоија најголем број на гласови од јавноста која можеше да гласа преку социјалните мрежи и сајтот на манифестацијата. Наградите ги подигнаа претставниците на официјалните импортери и застапници на брендовите кои победија на второто поред издание на изборот за најпосакуван автомобил во Македонија. Гласањето се одвиваше од 1 до 14 март и се избираше меѓу 12 автомобили во четири различни категории. На крајот, беа собрани 15.500 гласови кои беа поделени во четири категории од кои произлегоа победниците. Во категоријата Најпосакуван Градски автомобил триумфираше Peugeot 2008 со 36 проценти од вкупно 3.950 гласови. За Најпосакуван Семеен автомобил е избран Škoda Octavia со 54 проценти од вкупно 3.620 гласови. Категоријата Најпосакуван Електрифициран автомобил собра 3.500 гласови, а триумфираше Peugeot e-208 со 46 проценти од гласовите. На крајот, Главната награда за Најпосакуван автомобил во нашата земја замина кај Škoda Octavia со 22% од вкупно 4.260 гласови.



