Салони :: Женева 2019

Салони

Салонот во Женева, кој годинава се одржува по 89-ти пат, од денес па до 17 март ќе биде централна тема на сите автомобилски вести, кои судејќи според она што e најавено ќе бидат повеќе од бомбастични. Очекуваните 660.000 посетители ќе ги пречекаат околу 150 премиери распослани на целата површина на Palexpo.

Традиционално како и секоја година, редакцијата на Авто Магазин како дел од свитата од 10.000 новинари кои ќе го посетат салонот во наредните два новинарски дена пред официјалното отворање, ќе ве известува за сé она ново што автомобилските производители го подготвија за Женева.

клучни зборови: , ,