Zeekr 9X – Предизвикувач во тешката категорија

Луксузниот кинески кросовер им фрла ракавица на традиционалните германски премиум марки

Zeekr 9Х е петтиот модел наменет за Европа. Тој има колосална појава и опремен е по теркот „нема што нема“.За движењето задолжен е приклучен хибрид со системски 897 КС и го забрзува 9X од 0 до 100 км/ч за 4,1 секунда.

Неговата максимална брзина е 240 км/ч. Zeekr 9X има архитектура од 900 волти и најавен електричен опсег до 223 километри. Производителот декларира дека на адекватен полнач батеријата се полни од 10 до 80 проценти за приближно девет и пол минути. Има капацитет за влечење од два тона. Кокпитот има 13-инчен инструмент дисплеј, 47-инчен хед-ап дисплеј со зголемена реалност и централен 16-инчен двоен екран кој служи како контролна единица.

Дополнително, седиштата во првите два реда се со масажа, располага со систем за активно поништување на бучавата во кабината, , велур тапацир, подвижен 17-инчен OLED дисплеј за филмови и аудио систем со 32 звучници. Клучен декоративен детаљ е транспарентниот кристален ротирачки прекинувач во централната конзола. Багажникот на 9X има капацитет од 677 литри, кој може да се прошири до 2.148 литри.

Според приложените спецификации заклучокот се наметнува сам по себе. Mercedes GLS, BMW X7 и штотуку претставениот Audi Q9 добиваат непријатен противник на домашен терен.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER