Zeekr 9X – голем, луксузен и не така скап (видео)

Со сите почести Geely го лансираше својот најголем модел

Со кросоверот 9X, луксузната марка Zeekr прави исчекор од досегашната практика да нуди само чисто електрични возила. Неговата цврста плаг-ин платформа овозможува употреба на потешки батерии а воздушното ослонување со можност за висинско подесување, активните амортизери и електрични контролираните стабилизатори максимални нивоа на комфор и безбедност.

Долг е 5,2 и малку поширок од 2 метри а меѓуоскиното растојание од 3,17 метри овозможува сместување на три реда со по две седишта. Дизајнот му е доста атрактивен со масивна маска, светла во облик на буквата Ц и тркала со стандардна големина од цели 22 инчи. Напредни технологии има едно чудо, меѓу кои и систем кој го држи возилото стабилно во случај на издишување на пневматик при брзини до 120 километри на час.

Основа на погонскиот систем е дволитарски бензинец кој заедно со два или три електромотори кај базната верзија испорачува 900 а во посилната дури 1.400 коњски сили. Што можат тие, не треба многу фантазија да се замисли. Електричната автономијата во зависност од пакетот изнесува 235 односно 300 километри а со полн резервоар бензин можат да се поминат цели 1.250 километри. Покрај сето ова, стартната цена од 55 илјади евра изгледа прениска дури и за кинески стандарди. Постојат реални можности нешто од него да се пресели и во моделите на Volvo.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER